Државниот врв на Македонија синоќа во Скопје во Клубот на пратениците приреди „скромен дочек без чочек“ за добивањето вторпат датум од ЕУ, овојпат со Димитар Ковачевски како премиер, а „претходниот“ додека на негово место беше неговиот сопартиец Зоран Заев.

На прославата за влегувањето во НАТО имаше свирки и за народот, а за ЕУ без концерти и само со прослава за државниот врв, министри, амбасадори и други личности блиски до власта.

Атмосферата може да ја погледнете низ фотографиите што ги позајмивме од официјалните профили на претседателот, премиерот, министри, пратеници… кои му се пофалија на народот на социјалните мрежи за „датумот од ЕУ“.

(Д. Г.)