Ретка фотографија. Ја сподели Глигор Марковски со зборовите:
Мислев дека само уште кинески војници не поминале низ нашава Македонија, кога наидов на оваа фотографија каде се гледа дека и тие како дел од некоја колонија биле повде да војуваат“.
На фотографијата пишува:
„Тон кинески војници од француска Индо-Кина кои со француската армија служат во Македонија….“
Ако е ова точно, тогаш најверојатно станува збор за војници од Првата светска војна.
Со оглед на тоа што линијата на македонскиот фронт с епротегала отприлика по денешната граница меѓу Македоија и Грција, ова е некое село или гртаче во Егејска Македонија, но не може ни приближно да се заклучи кое. Очигледно е дека станува збор за зима, десно на фотографијата зад детето се наоѓа веројатно некој понизок француски офицер. Во позадина се гледа минарето од џамија и планина која се извишува, но ништо поконкретно не може да се заклучи.