Коњаницата од скопската чета на маршот кон Мечкин Камен, во чест на македонското Илинденско востание, утрово мина низ Богомила, родното место на еден од основоположниците на ВМРО, Петар Поп Арсов.

Заедно со коњаниците, кои ноќеска преноќиле во селото Теово, пеш од Скопје до Мечкин Камен маршира и млад скопјанец. Тие утрово беа поздравени од жителите на Богомила и други места низ кои минаа.

Кон Крушево и Мечкин Камен и годинава се движат повеќе коњички чети што ги симболизира настаните од 1903 година и Илинден.

Погледнете ја фоторепортажата од движењето на коњаниците низ Богомила, направена од аматер и со мобилен телефон.