Најмалку четири лица загинаа во судирот помеѓу хеликоптер и туристички авион што денеска се случи на границата помеѓу Франција и Италија, соопштија локалните власти. Според некои медиуми бројот на загинатите е шестмина.
Спасувачките екипи успеале да дојдат до двајца повредени патници, напиша на Твитер италијанската горска служба за спасување.
Судирот се случил над глечерот Рутор во близина на Ла Тилеа во долината Аоста.
Засега не се знае како дошло до судирот на леталата и кои биле патниците во авионот.
На местото на несреќата се испратени два хеликоптера со лекарски екипи. Спасувачите се опремени со алат за сечење метал, а сите повредени се пренесуваат во болница.
Според наводите на италијанските медиуми, болницата во Аоста има подготвено три операциони сали и шест единици за интензивна нега за да им се помогне на повредените.
Ла Тиле е популарно скијалиште во северозападна Италија.