Актуелната власт потроши два мандата или околу осум години за „увиди на автопатите“, но освен чочек за еден кој го направи претходната власт, не изгради речиси ниту еден километар нов автопат.
Многу пати од власта „добивавме датум“ за пуштање во употреба на автопатот Кичево – Охрид, автопатот кон Косово и други делници. Но, граѓаните добија само сликање на политичарите за спомен и сеќавање на ветените датуми и… нови и нови увиди на градежните активности.
Пример за „градежната офанзива“ на актуелната власт е и делницата од десетина километри од Петровец до Катланово, каде со години се врши замена на асфалтниот слој и се уште не е готов.
Техничкиот премиер Талат Џафери денеска ќе изврши увид во градежните активности на делницата Петровец – Катланово.
Вкупната должина на рехабилитацијата со проширување на автопатот А1, делница Петровец – Катланово изнесува 10,7 километри, а инвестицијата е во висина од 6,3 милиони евра, средства кои се обезбедени од ЕБОР.
По увидот, како што е најавено, предвидени се изјави за медиумите.
Под текстов објавуваме мал потсетник од повеќе прилози на оваа тема, објавувани во изминатите години, посветени на „изградба и реконструкции“ на патишта и најави на „датуми за чочек“.
(Д. Г.)