(видео) СТОЈАНОВСКИ ОД АВТОПАТИ НА ЛАГИТЕ: Бочварски лажеше за Кичево – Охрид, а Ковачевски лаже за Катланово – Петровец

/ 28.01.2023

Пред 10 дена од терен докажавме дека министерот за транспорт и врски Благој Бочварски лаже дека е пробиена трасата на автопатот Кичево- Охрид, а денеска директно од терен докажуваме дека премиерот Димитар Ковачевски лаже за изградени и реконструирани 1.300 км патишта од регионалниот пат Катланово – Петровец, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

-На седницата за пратенички прашања Ковачевски кажа дека овој патен правец е завршен, па ете од самиот патен правец докажуваме дека ова е уште една лага од имагинарниот свет на СДСМ, Ковачевски и Бочарски во кој имаат завршено 1.300 км патишта, додека во реалниот свет граѓаните на Република Македонија возат по дупки и распаднати патишта.

Потребни се итни предвремени парламентарни избори на кои граѓаните ќе ги испратат овие измамници во историјата и ќе дојде нова влада која ќе ја направи Македонија едно огромно градилиште.


Од истата категорија