Фудбалската репрезентација на Македонија го имаше првиот собир пред последните два меча од Лигата на нациите кај Шкотска на гости и против Словенија дома, а во пресрет на дуелите свое видување имаше Лука Станковски.
„Ни следуваат два тешки натпревари. Се надеваме на позитивни резултати, а нашата цел е на секој меч е победа. Ќе работиме овие два дена и ќе дадеме 100% да ја израдуваме Македонија. Даваме максимум, најголемиот притисок е врз нас и психолошки не е лесно. Ќе дадеме сè од себе за позитивен резултат“, изјави Станковски.
Македонија нема освоено ниту еден бод во досегашните четири меча од Лигата на нациите, а ќе го бара и првиот гол во ерата на новиот селектор Гоце Седлоски.




