Актуелниот шампион во Ф1, Ландо Норис од Мекларен е победник на Големата награда на Бразил. Место на победничкиот пиедестал обезбедија уште Макс Верстапен и Исак Хаџер. Ланскиот првак во трка со променливи временски услови имаше извонредна трка и заслужено триумфираше. Ова беше трета победа на Норис во 2026 година.

Трката имаше интересен старт бидејќи Макс Верстапен и Луис Хамилтон стартуваа од последните позиции (Хамилтон од 20.место, а Верстапен од 21.место). Двајцата брзо стигнаа во средишниот дел Хамилтон – 9.место, Верстапен – 6.место.

Во генералниот пласман прв е Антонели со 390 бодови, пред Верстапен со 279, а трет е Џорџ Расел со 262 и има еден повеќе од Луис Хамилтон.

Кај конструкторите Мерцедес со денешните бодови ја обезбеди титулата со 630 бодови, додека Ферари има 504.

Следната трка се вози за ГН на Лас Вегас. (МИА)