Работнички ја запиша и шестата последователна победа во новата сезона, откако во „Градски парк“ славеше над Кожув со 83-80 во натпревар кој понуди голема неизвесност и беше решен во самата завршница.
Најзаслужен за победата на Работнички беше Рикиќ, кој одигра одличен натпревар и запиша 27 поени и седум скокови. Говенс придонесе со дабл-дабл учинок од 10 поени и 10 асистенции.
Во редовите на Кожув, Армстронг беше најефикасен со 20 поени, додека Симиќ ја заврши средбата со 17.
Вечерва во меч од 6.коло во нашата кошаркарска елитна лига, кошаркарите на Тиквеш славеа на гости во Струмица против истоимениот тим со 70:75.
Кај домашните Харис со 19 поени беше најефикасен, додека кај победничкиот тим Смит и Сукс запишаа по 18 поени.
Шампионот МЗТ Скопје Аеродром како гостин немаше проблеми за да дојде до нова победа 60-79 во скопската пресметка против Скопје или поранешен Маџари.
Крајиниќ со 20 поени беше најефикасен кај победнишкиот тим, додека кај поразениот состав на Скопје се истакна Џонс со 18 поени.
Во Битола шок за домашниот Пелистер. Домашните кошаркари беа поразени од Штип со 87:92.
Хамилтон кај гостите впиша 20 поени, додека кај битолчани се истакна Коцовиќ со 20 поени.




