Младата македонска атлетичарка Ева Митевска го освои осмото место на Младинските Олимписки игри во Дакар во трката 100.метри. Таа беше дел од финалето каде настапија девет атлетичарки и постигна време од 12.28 секунди.

Претходно Митевска настапи во полуфиналето каде истрча – 12.58 секунди и како четвртопласирана обезбеди место во финалната трка.

Покрај Митевска во Дакар настапија уште Петар Цеков во пливање – 400 метри слободно и Марио Брезовски во триатлон. (МИА)