Денешниот престој во Париз на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, ги фрла во вода сите клевети од политичките противници во Македонија за „неговата изолација“.

Шефот на државата, кој со сопругата Маја Иванова, денеска учествуваше на церемониите по повод 100 годишнината од завршувањето на Првата светска војна во Париз, имаше бројни средби со лидери на европски и светски држави.

Фотографиите што ги објавуваме подолу говорат доволно за „изолацијата“ поради „антизападната политика“ за која толку многу сакаат да зборуваат неговите противници во Република Македонија.

Иванов, освен со домаќинот Емануел Макрон, се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп, со рускиот претседател Владимир Путин, со израелскиот премиер Бенјамин Нетнајху и повеќе други лидери на европски и држави од светот.