Началникот на Генералштабот на АРМ, Васко Ѓурчиновски, во синоќешното гостување на ТВ 21 во емисијата Клик плус кажа дека Македонија би добила многу ако се врати тримесечното служење на војска.

Ѓурчиновски вели дека враќањето на служењето војска ќе ги подготви младите.

– Така би добиле кадри кои се способни за ангажирање во случај на пожар, поплави, земјотреси. Државата би добила многу со враќањето на служењето на војска, смета Ѓурчиновски.

Тој ги објасни причините од професионален аспект.

– Категорично ќе кажам да, знам дека на одредена популација можеби ова нема да им е популарна мерка, вели началникот на Генералштабот.

Ѓурчиновски и ги објасни причините од професионален аспект. Видеото на ТВ 21 може да го отворите ТУКА.