Фондацијата „Салвадор Дали” тужи бордел во германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија, бидејќи го користи неговото име како свој бренд.

Јавната куќа го носи називот „Паркшлос Дали”, што според шпанската фондација ги крши посмртните права на славниот сликар. Тужбата е поднесена на Регионалниот суд во Арнсберг. Се бара целосно отстранување на неговото име од објектот.

Сопственикот на борделот за германскиот дневник „Билд“ вели дека тужбата го изненадила, оти неговата „установа“ го носи името веќе 24 години.

Фондацијата која ја поднесе тужбата, управува со оставината на Дали во име на државата Шпанија.