Новак Ѓоковиќ го победи Феликс Огер-Алиасиме со 7:5, 7:6 (1) во одличен натпревар од четвртфиналето на Мастерсот во Рим

Ова е многу важен триумф за Ѓоковиќ. Ова е негова 999-та победа во кариерата, а овој подвиг, покрај полуфиналето во кое го очекува Каспер Руд, се погрижи да остане на врвот на АТП-листата барем до Ролан Гарос. Значи, уште четири недели.

Сепак, српскиот шампион за време на мечот го налути гласниот говор на некој од трибините, што јасно се слуша на снимката. Огер се подготвуваше за сервис во шестиот гем од вториот сет, а гледачите постојано и гласно зборуваа. На Ѓоковиќ му беше нарушена концентрацијата при примањето на сервисот, па ја испрати топката во аут. Притоа полуде и викна кон трибините: „Ќути, бре! П**ка ти мајчина!“