Жалбата против мерката притвор поднесена од Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања Ѓорчевска е одбиена како неоснована откако денеска на јавна седница, Ѓорчевски побара притворот да му биде укинат и/или да му биде изречена поблага мерка.
Советот за казниви дела при Врховниот суд, по одржаната јавна седница донесе Решение со кое жалбата на обвинетиот А.Ѓ., изјавена преку бранителот Владимир Туфегџиќ, адвокат од Скопје, ја одби како неоснована и го потврди решението на Апелациониот суд Скопје од 1 март.2024 година“, соопштија попладнево од Врховниот суд.
Надлежната обвинителка од државното Јавно обвинителство кажа дека Апелацискиот суд донел јасно и недвосмислено решение за продолжување на притворот.
„Воопшто не ми е важно каде ќе ја дочекам конечната одлука, туку сакам само да има разрешница за да одлучам дали да останам на овој, или да одам на оној свет“, кажа Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања Ѓорчевска.
Оваа изјава тој ја даде на денешната јавна седница пред Врховниот суд, а по жалбата што ја поднесе во врска со продолжениот притвор.
Ѓорчевски кажа дека е на два света, а дека сам ќе одлучи дали ќе остане со помладата ќерка или ќе и се придружи на Вања.
-Јас сум на два света во моментов. Едното дете се наоѓа тука, другото ми го земаа. Не ми е битно каде ќе ја дочекам оваа разрешница. Кога ќе се донесе одлуката ќе донесам лична одлука дали ќе се придружам на постарата ќерка, рече Ѓорчевски.
Неговиот адвокат Владимир Туфегчиќ во образложението зошто бара укинување на притворот за Ѓорчевски рече дека одлката на Апелацискиот суд Скопје е во спротивност со Европската конвенција за човекови права.
-Скоро 4 месеци трае притворот, а нам не ни е дадена барем една индиција дека Обвинителството има основано сомнение дека Ѓорчевски сторил кривично дело – рече адвокатот.
Надлежната обвинителка од државното Јавно обвинителство кажа дека Апелацискиот суд донел јасно и недвосмислено решение за продолжување на притворот.
-Истрагата е во тек со вештачење на телефонските разговори и затоа сѐ уште постои основано сомнение дека Ѓорчевски сторил кривично делчо – грабнување. Притворениот може да влијае врз сведоците, затоа што нема гаранција дека иако тие се испрашани, нема подоцна да ги сменат изјавите пред судечкиолт судија“, изјави обвинителката Наталија Тасевска.
Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември минатата година.
Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања, се сомничи дека му дал информации на убиецот Палчо поврзани со времето кога неговата ќерка ја напушта зградата и оди на училиште.