Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски направи голем гест и финансиски му помогна на фудбалскиот клуб Вардар кој се бори за влез во Првата македонска фудбалска лига и покрај целата криза која го тресе подолг рок.

Играчите и стручниот штаб 12 месеци се без плата од новиот раководител Слободан Крстевски, па помош е добредојдена од секоја искрена страна. Стефан Ристовски реши да помогне на финансиски план, потврдија од клубот.

– Фудбалскиот клуб Вардар јавно искажува благодарност до капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Вардаровото дете Стефан Ристовски за несебичната помош и поддршка за својот матичен клуб, благодарение на која експедицијата на Вардар ќе замине во карантин пред претстојниот важен натпревар во недела каде во мир и соодветни услови ќе се подготвува за предизвикот кој ги очекува, истакнаа од ФК Вардар.

Вардар следниот натпревар го игра во Охрид против Воска Спорт, а овој дуел може да даде многу одговори околу дилемите за борбата за највисок пласман во ВМФЛ.

Стефан Ристовски моментално е во Загреб каде го продолжи договорот со Динамо, а Вардар му беше отскочна даска за богатата кариера.

Извор: Гол