Една од највозрасните, а можеби и највозрасен учесник на денешниот голем семакедонски народен протест во Скопје е Катерина Трајкова, која во јуни ќе наполни 90 години.

– Вакцинирана против коронавирусот Катерина Трајкова, која во јуни полни 90 години, денеска излезе и се приклучи на протестот во Скопје, #Македонија повикувајќи на владеење на правото и правдата во државата. Членовите на УМД со седиште во Мериленд, Катерина Трајкова и Милка Трајкова се гордеат со својата Баба!- објавија на Фејсбук од Обединетата македонска дијаспора.

Многу здравје и уште многу години за Катерина Трајкова и да дочека слобода за македонските уставобранители за кои денеска и таа протестираше.

На денешниот протест можеше да се забележат и повеќе други лица кои во помошни колички дојдоа да дадат поддршка на македонските патриоти и уставобранители.