Град Скопје со помош од збратимениот град Нирнберг подготви кампања за безбедност во училиштата. Со цел да се подигне јавната свест кај учениците и да се почитува протоколот за заштита од Ковид 19, беа изработени неколку анимации и постери кои на едноставен начин советуваат како најлесно и практично да се заштитат себеси и луѓето околу нив.

Како што се наведува во соопштението на Град Скопје со физичкото присуство за време на наставата најважно е да се почитуваат зададените мерки од јавните медицински институции со цел спречување и ширење на пандемијата што трае веќе втора година, кај нас и во светот.

-Одржување дистанца, миење раце и носење маска се основните и најважни мерки што треба секојдневно да се почитуваат за време на училишните часови, но и вон нив, затоа што само заедно и одговорно можеме да се бориме против оваа пандемија, се додава во соопштението.