Видовме дека зад секој поголем бизнис стои Мицкоски. Така е и со рудникот за антимон во Крива Паланка. Носители на проектот се донатори и блиски соработници на ВМРО. Никој од власта не се грижи за здравјето на граѓаните освен на зборови. Граѓаните мора сами да одлучат. Градоначалниче, референдум! Нека граѓаните на Крива Паланка сами одлучат дали сакаат рудник за антимон во својот крај, се вели во соопштението на СДСМ коешто МИА го пренесува интегрално.
Не може повеќе бизнисот да биде главна тема.
Имаме страшни искуства од минатото со рудниците во Македонија, Крива Паланка има свој пример со загадувањето на реката.
Пред една година анализи покажаа дека концентрацијата на тешки метали, цијанид и други токсични материи во Крива Река беше десетици пати над дозволеното.
Дали граѓаните на Крива Паланка сакаат да се препуштат на „чувствата“ на Мицкоски дека „се ќе биде во ред“ или сакаат сами да одлучат?
Власта не е способна да се справи со 10 крави во Паланечко, а камоли да го заштити целото население на Крива Паланка од труење.
Еден од најопасните рудници за животната средина се токму рудниците за антимон и литиум.
СДСМ јасно стои на страната на граѓаните: референдум за рудникот!
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ




