Коалицијата „Влен“, по вчерашното прегласување, во Собрание ќе има 14 свои пратеници.
По парламентарните избори кои се одржаа на 8-ми мај, вчера во седум избирачки места имаше прегласување.
Државната изборна комисија на 18 мај едногласно го усвои предлогот да се повтори гласањето во Изборната единица (ИЕ) 5 на избирачките места 1470/1 и 1470 во Општина Долнени, 1194 и 1202 во Општина Крушево, 1844 во Општина Струга и 1272 во Општина Охрид, како и во ИЕ 6 на избирачкото место 2101 во Општина Желино.
Според резултатите, има измена во пратеничките мандати на тој начин што ДУИ изгуби еден пратеник, а Вреди доби.
По денешното прегласување конечни се резултатите за бројот на пратеници на партиите и коалициите во следниот парламентарен состав.
Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ има 58 пратеници.
Коалицијата на СДСМ и „Европскиот фронт“ на ДУИ во Собранието влегуваат со по 18 освоени мандати.
Коалицијата „Влен“, по денешното прегласување, во Собрание ќе има 14 свои пратеници.
ЗНАМ на Максим Димитриевски и Левица на Димитар Апасиев освоија по 6 мандати за следниот собраниски состав.