Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце времето на чекање за влез и излез од Македонија е околу 40 минути, информира АМСМ.

На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.