Шансите Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) да учествува во грчката програма, која завршува на 20 август, се минимални, е соопштено по последната средба на Вашингтонската група во Вислер, Канада.

Состанокот е одржан на маргините на состанот на Г7 на кој Германија и Фондот бараат златен модел за грчкиот долг.

Напредок е минимален, а разговорите ќе продолжат, но без финален договор затоа што ММФ не може да изготви позитивна анализа за одржливоста на долгот.

Исто така и времето истечува зашто како што вели Пол Томпсон, активирањето на фондот за третата програма има смисла само ако е направена кавартална евалуација.

Од друга страна, како клучна точка е и несогласувањето меѓу Берлин и ММФ. Германската страна се држи до времетраењето на исплатата на заемот од втората програма – ММФ сака рокот да биде меѓу 10 и 15 години, но Германија бара тој да се ограничи под 5 години.

Второ, се преговара за германското барање да нема автоматски механизам за помош, но делумната должничка помош да биде со политичка одлука (на пример на Еврогрупата) која ќе биде донесена откако Грција ќе исполни стриктни услови кои ќе бидат спроведени. ММФ смета дека ова ќе биде негативно оценето од пазарите.

Така, земајќи го ова предвид, како и позицијата на Европската централна банка, во блиска иднина Грција ќе биде принудена да прифати кредитна линија по завршувањето на третата програма.