Оваа година во Грција има големи измени, со тоа што се удира по џебот на туристите кои се решиле да уживаат на грчките плажи.

Од оваа година сите хотели, вили, апартмани, студија и соби за изнајмување во Грција се должни на гостите да им пресметаат данок на престој, односно такса за престој.

Плаќањето на таква такса е воведено во хотелите од една до пет ѕвездички, како и во останатите капацитети за сместување (апартмани, соби, вили) кои примаат гости за еден или повеќе денови.

Во камповите и посебно одредените категории, не се плаќа такса за престој, објави интернет страницата Грцијаинфо.

Износот на таксата е 4 евра дневно по соба за хотели со 5 ѕвездички, 3 евра дневно по соба за хотели со 4 ѕвездички, 1,5 евро дневно по соба за хотели со 3 ѕвездички, 0,5 евра дневно по соба за хотели со 1-2 ѕвездички, 0,5 евра дневно за приватни соби, студија и апартмани.

Наплата се врши пред одјавувањето.