Никогаш додека бев премиер не сум имал средба или телефонски разговор со Силјан Мицевски, ниту некогаш сум му сугерирал нешто или некого да финансира, и никогаш не сум му побарал ниту сум добил било што од него, реагира поранешниот премиер на Република Македонија, Никола Груевски на денешните написи во некои медиуми.

– Во врска со написите и објавите на неколку медиуми во Македонија кои се однесуваат на денешното сведочење на бизнисменот, поранешен градоначалник на Битола и поранешен висок функционер на СДСМ-Силјан Мицевски во предметот под работен наслов Талир 1, укажувам за злонамерите на дел од медиумите и истите ги демантирам во целост како невестини. При денешниот исказ на двата сведока, обајцата не ги потврдиле наводите во обвинението против обвинетите па оттука веројатно и потребата на некои партиски определени медиуми да престават поинаква слика на нивното сведочење пред јавноста, особено за Силјан Мицевски.Никогаш додека бев премиер не сум имал средба или телефонски разговор со Силјан Мицевски ниту некогаш сум му сугерирал нешто или некого да финансира, и никогаш не сум му побарал ниту сум добил било што од него, објави Груевски на Фејсбук и категорично ги отфрла денешните обвинувања.