Украинската армија денеска објави дека ги истуркала руските сили „на три до осум километри“ во внатрешноста на левиот брег на реката Дњепар.

-Првите податоци варираат од три до осум километри во зависност од спецификите, географијата и топографијата на левиот брег, изјави портпаролката на армијата Наталија Гумењук.

Доколку се потврди оваа вест, тогаш тоа ќе биде најголемиот напредок на украинската војска во последните неколку месеци.

Портпаролката додаде дека во оваа област има неколку десетици илјади руски војници и дека украинските сили „имаат многу работа“.

фото:МИА архива