Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш планира да пристигне во официјална посета на Русија за време на Светското првенство во фудбал, каде што ќе гледа еден натпревар и ќе има средба со рускиот претседател Владимир Путин.

Гутереш, како што информира неговата портпаролка Стефан Дјожарик, за Русија ќе патува со редовна авионска линија.

Португалецот на 20 јуни во Москва ќе го следи натпреварот на своите сонародници со Мароко.

Традиционално, фудбалските натпревари, кои оваа година ќе се одржат од 14 јуни до 15 јули, ќе можат да се следат на неколку видеобимови во зградата на ОН во Њујорк.