Тренерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола го сподели своето мислење за претстојниот натпревар со Ливерпул во рамките на 32. коло од Премиер лигата.
– Знаеме дека Ливерпул сака да ги добие преостанатите натпревари, но се надевам дека не и следниот. Ние исто така сакаме да победуваме до крајот на првенството. Кога тимот се бори за титулата во мај, тоа значи дека имал неверојатна сезона, работи напорно и го прави тоа цело време. Противникот е многу силен, кој најави водење на достојна битка и ние го прифаќаме тоа, изјави Гвардиола за „Скај Спортс“.
На 10 април Сити ќе го пречека Ливерпул на „Етихад“. Почетокот е во 17:30 часот.
Вчера Ливерпул на домашен терен го победи Вотфорд со 2:0, додека Манчестер сити со истиот резултат ги освои бодовите на гостувањето кај Барнли.
Манчестер сити е прв на табелата во Премиер лигата со 73 бодови, Ливерпул заостанува еден бод и се наоѓа на второто место.