Манчестер Сити во вторник го игра реваншот против РБ Лајпциг во осминафиналето на ЛШ. Првиот меч во Германија заврши со резултат 1:1, па сега се игра реванш на „Етихад“ на кој Сити е фаворит.
„Убаво е што на почетокот на сезоната важевме за главни фаворити на овој турнир. Но мораме да поминеме тешки 90-95 минути на теренот. Лајпциг е многу добар тим. Беше јасно уште пред првиот натпревар. Добри се и Наполи, Милан, Реал и англиските клубови. Мора да ја покажеме нашата најдобра игра и да победиме“, порача Гвардиола кој продолжи.
„Ние целиме на трофејот. Но и другите го сакаат трофејот. Не познавам тренери или тимови кои не се трудат да го направат тоа. Сите сакаат да ја освојат Лигата на шампионите. Без исклучок“, изјави тренерот на Манчестер Сити.