Не е доволно само едно сликање со Ескобар за „европски фронт“ и членство во ЕУ, коментира поранешниот министер и аналитичар, Џевдет Хајредини, за дводневната посета на американскиот дипломат Габриел Ескобар на Македонија.

– Без книги за учениците, без лекови за болните, без независни обвинители и судии, со возови што се движат со брзина од 20 км на час, со изгорена и повеќе пати украдена пошта, со нула отсто доверба на народот во обвинителите и судиите, со секојдневни коруптивни скандали и афери на државни и партиски функционери на власт, кои на избори крадат и купуваат гласови, со злоупотреба на парите од европски фондови и амерички донации – за „европски фронт“ и членство во ЕУ не е доволно само едно сликање со Ескобар, објави Хајредини нна својот профилна Фејсбук.

Неговиот критички коментар се однесува на лицата од власта кои посетата на Ескобар ја искористија да се фотографираат и промовираат на социјалните мрежи.