Со дивјаштвото и односот од првите луѓе на полицијата, личиме на африканска држава, вели пратеникот Драган Ковачки, кој објави видео на кое се гледа лице кое со калашников пука од балкон, а под балконот полно луѓе.

– Цело време зборуваме за криминалци и неспособни началници и командири кои ги има поставено лично министерот за внатрешни – Оливер Спасовски, но ниту до него, ниту до неговиот претпоставен – премиерот Ковачевски не допираат нашите укажувања. Еве најново видео на кое е командирот на ПС Ропотово од кое јасно се гледа пукање со автоматско оружје од тераса. Автоматско оружје може да има само во АРМ и во МВР, а за цивили истото е забрането. Ова значи дека или оружјето е украдено од склад на МВР и АРМ, или командирот на Полициската станица пука со пушка која нелегално ја поседува или пак дека пука со неговата службена автоматска пушка во сред населено место каде има и други граѓани, односно демонстрира сила и предизвикува општа опасност. Утре кога ќе дојдат да ви зборуваат дека тие биле за ЕУ, покажете им го видеото и кажете им дека во Македонија тие што треба да го спроведуваат законот, се доживуваат како тие да се законот. Такви бандити никој не сака околу себе, а камоли да преговара и да договара нешто со нив. Министерот за внатрешни знае за случајот, но молчи затоа што личниот интерес го става пред државниот, објави Ковачки.

Му треба, додава Ковачки во објавата, поддршката на ДУИ за претседател на држава.

Видеото може да го отворите ТУКА.