Програмата на „Франс Интер“ синоќа била хакирана и имало пречки во слушањето и емитувањето на нејзината ФМ мрежа во Париз Ест кога биле објавени првите резултати од првиот круг на претседателските избори, во моментите кога се емитуваше говор против политичари, технократи или дури и новинари, јави дописникот на МИА.

Во времето на традиционалните резултати и анализи од првиот круг на претседателските избори, пиратски предавател користејќи забранета технологија ја разнесе фреквенцијата на станицата, изјавија од радиото, потврдувајќи ги информациите од весникот „Монд“.

Според весникот, неколку минути се емитувал говор насочен против политичари, технократи или дури и новинари. Се емитувал повторувајќи се во круг повеќе од еден час.

Франс Интер не можеше да ја идентификува содржината на овој говор. Радиото појасни дека се работи само за мрежата што го покрива 20-тиот арондисман на Париз.

Радиото не презема одговорност за настанот до 23:00 часот.

– Апсолутно ни е жал и правиме се за да разбереме што се случи и да спречиме да се повтори, напиша на Твитер директорката на Франс Интер, Лоренс Блок, по овие пречки.