Министерството за здравство соопшти дека е хакирана и во моментов не функционира неговата веб-страницата и дека не функционираат ниту службените мејлови на вработените во институцијата.

-Во моментов се истражува што точно се случило, како и за колку време ќе се реши проблемот за што дополнително ќе информираме. Нашата комуникација со медиумите ќе се одвива преку привремената е-маил адреса: przdravstvo2020@gmail.com, стои во соопштението

Од Министерството посочуваат дека сите прашања медиумите да ги испраќаат на споменатата адреса и тие ќе бидат одговорени во најбрз можен рок.

Како што е веќе познато, за време на изборите хакирана беше и ДИК.