Еден затвореник загина, а седум се повредени во тепачка во грчкиот затвор Коридалос, објавија повеќе грчки медиуми.

Тепачката избила помеѓу затвореници од Грција и Грузија од едната страна и Албанци од другата страна.

Масовната тепачка се случила на психијатрискиот оддел во затворот, а во неа учествувале голем број затвореници наоружани со рачно изработени бодежи, пренесе агенцијата АНА.

Повеќе затвореници се тешко повредени и префрлени во болници надвор од затворската.