Холандскиот кардиолог Пим ван Ломел пред неколку години во Минхен ги претстави новите сознанија за искуството со  блиска смрт, т.н. клиничка смрт.

„Искуството на блиска смрт е извонредна состојба на свеста”, изјави тој пред полна сала на Филозофскиот факултет во Минхен.

Како експерт за природни науки мислел дека човек кој ја изгубил свеста не бил способен да забележува, но го сменил мислењето кога еден човек, кој се разбудил од кома, точно го опишал местото на кое медицинската сестра му ја ставила протезата и што заборувале лекарите покрај неговиот кревет.

„Се заинтересирав и почнав систематски да ги испитам луѓето на кои им застанало срцето“,вели Ломел.

Во едно истражување, 18 проценти од 282 испитаници рекле дека за време на застојот на срцето биле свесни за сето она што се случувало околу нив.

Повеќето од нив почувствувале дека љубовта е најважната работа во овој и тој свет, и поради таа причина, по блиското искуство со смртта, својот стил на живот значително го промениле. Некои по тоа искуство станале верни христијани.

Ван Ломел, исто така, го прикажал цртежот на шестегодишно девојче, кое го опишало своето лично искуство: на него се гледа како девојечето насмеано лебди над своето тело, кое го реанимираат двајца мажи.

„Децата не знаат ништо за медицинско оживување. Девојчето го нацртало тоа што го видело кога нејзиното срце застанало “, објаснува Ломел.

Тој, исто така, го опиша документираниот случај на пациент кој свесно забележал што се случува околу него, иако апаратот на кој бил приклучен престанал да ја регистрира активноста на мозокот.