Германски медиуми објавија снимка од местото на сообраќајката каде загина познатиот српски пејач на народни песни Шабан Шаулиќ.

Тој во автомобилот бил со својот кум. Двајцата веднаш се пренесени в болница, но пејачот, иако лекарите до последен момент се бореле за неговиот живот, им подлегнал на повредите.

Несреќата се случи во околината на Билефелд, на пат кон Дортмунд.