Припадници на Вооружените сили (ВС) на САД за Европа и Африка, од денеска до 10 декември ќе изведуваат вежбовни активности на армискиот полигон „Криволак“ во рамки на вежбата „Храбар партнер 23“.
Припадниците од вториот коњанички полк на ВС на САД, на полигоните и стрелиштата на „Криволак“ ќе реализираат вежбовни активности со гаѓања од лесни оклопни возила од типот „Страјкер“.
Армијата на Република Македонија ќе учествува во вежбовната активност како земја домаќин со 30-тина свои припадници, потребната воено-полициска придружба и обезбедување, како и логистичка поддршка на активностите.
-Со овој вид на вежбовни активности, покрај зацврстување на сојузништвото и интероперабилноста со ВС на САД, се демонстрираат способностите за заедничка одбрана и одвраќање, како и капацитетот и значењето на АП „Криволак“ за изведување на различен вид на обука и вежби. Воедно, ова претставува можност за практично запознавање со карактеристиките и можностите на овој тип на оклопни возила, кои согласно планот за развој на одбранбените способности за модернизација и опремување ќе бидат дел од нашата Армија во следниот период, велат од Министерството за одбрана.
Фото: МИА архива