Урбани моторџии облечени во елегантна облека и уникатни мотори денеска четврти пат дефилираа низ Скопје, пренесувајќи порака за потребата од покренување на свеста за машкото здравје и за превенција од ракот на простатата.

Тие се дел од глобалното движење „Возење на истакнати џентлмени“ (The Distinguished Gentlmens Ride), кое годинава ќе се одржи во над 690 градови во повеќе од 110 држави низ светот, а ќе учествуваат над 100 илјади џентлменски облечени мажи и жени кои ќе ги управуваат своите класични и стилизирани мотоцикли.

Настанот се организира секогаш последната недела од септември според опредени правила и мора да има одлики што се специфични за самото движење како уникатни мотори и елегантен дрес код составен од палто, вратоврска, елек, елегантни чевли и задолжително кацига за безбедност.