Немам никакви симптоми, но денеска добив потврда дека сум позитивна на Ковид 19, а тестот на мојот син е негативен, напиша денеска попиуларнат хрбатска пеачка Северина на Инстаграм.
„Утрово, веднаш по контактот со епидемиологот, ги презедов сите мерки, го известив татото на син и во договор со него, го предадов два дена пред одредениот термин, за самоизолацијата да ја помине со него, без оглед на негативниот тест.
За заедно да ја заштитиме приватносто, а и да ја избегнеме стигматизацијата на детето, го замолив таткото за дискреција. Но, само 20 минути откако таткото го презеде детето, во српските меидуми се појави вест дека сум се заразила „лумпувајќи“ по Далмација со детето.
Значи, имам позитивен тест, немам симптоми, се заразив од блиска личност, веројатно по враќањето во Загреб, а не за време на летувањето во Далмација. Бидејќи и таа блиска личност вчера доби позитивн тест, веднаш со синот бевме на повторно тестирање, бидејќи првите тестови ни беа негативни.
Апелирам до медиумте, посебно тие во Србија, да се воздржат од објавување на непроверени и измислени информации“, објави Северина.