Д-р Катица Марангозова, инфектолог во Општата болница во Струмица, порача дека вирусот може да биде опасен за сите, бидејќи манифестација на болеста е различна кај секого.

„Личното здравје и здравјето на останатите се императив на секој еден здраворазумен човек. Бидете одговорни, живејте го секојдневието со обврските кои ви се налагаат, но водете сметка и за моменталната ситуација. Ризикот од заразување со “COVID 19” е реален и треба да се сфати како таков, а манифестацијата на самата болест е различна кај секого, па според тоа нема одредени групи кои се имуни на вирусот па да бидат комотни дека работите не можат да тргнат на лошо. Кај секој може да се случи најлошото, ова не го кажувам со цел да заплашам некого, туку да ја разбудам свеста и совеста кај некои луѓе кои се уште мислат дека ова не е нешто сериозно.

П.С. На докторите не ни се потребни аплаузи за да ни се изрази поддршка, доволно ни е само да си водите сметка за сопственото здравје, а со тоа и за здравјето на останатите“, напиша д-р Марангозова на Фејсбук.