Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер „е пијаница кој топи џин наместо вода“, заради што неговите соработници го викаат „монструм“ кој раководи со Комисијата, е новото шокантно тврдење кое го објавува британски Експрес.
Јункер повеќепати е виден како се тетерави или се бакнува на сотаноци, собири, а особено беше забележителен на Самитот на НАТО кога повеќемина го држеа за да не падне. По ова тој демантираше дека станува збор за алкохол, туку рече оти тетеравањето се должи на неговата константна болка во грбот, болест наречена сциатика.
Но, во нова бомбастична изјава на инсајдер од Брисел се вели дека тој има информација оти Јункер е „залепен за шишето“. Некои го нарекле „монструм кој ја раководи Комисија“, а францускиот новинар Жан Кватремер напишал дека „Брисел е преплавен од разговори за прекумерното пиење на Јункер“.
Во написите во британските медиуми се наведува дека „во Луксембург, Брисел или во други европските градови сите знаат дека кога Јункер ќе побара чаша вода, всушност таа е полна со џин“.
А Спектатор ги анализирал движењата на Јунер и заклучил дека не станува збор за болната сциатика, зашто во тој случај Јункер би имал гримаси на болки, а „кога се тетерави, кога едвај оди Јункер се смее“, значи нема знаци на болка, на агонија.