Шансите да не се постигне договор за Брегзитот стануваат се поголеми, предупреди Европската комисија.

Тоа значи дека индустриите во 27 земји мора да се подготвуваат поинтензивно за заминувањето на Британците. „Доколку и се постигне договор, ЕУ ќе биде во целосно поинаква ситуација“, се вели во Брисел.

Комисијата истакнува дека доколку не се постоигне договор за Брегзит тоа ќе значи дека нема да има правила за граѓаните на ЕУ во Британија и обратно. Транспортот на стоки и услуги ќе се отежни и ќе поскапи, а постои и тешкото прашање со Ирска како и тоа дека вреските со ЕУ се одредени со на пример Светската трговска организација.

-Подгответе се за најлошото – е пораката која од Брисел ја испраќа допинсникот на британски Експрес.

Ваклвотот предупредува од Брисел е издадено и поради тоа што во Лондон владее политички хаос во однос на Брегизтот предизвикан од тие што се на страната на премиерката Тереза Меј и заговараат мек излез, и другата група која сака Британија да биде своја на своето, што знчи тврд излез од ЕУ.