Најмалку 11 лица загинаа, меѓу кои и деца, откако во Мисури се превртел брод кој превезувал туристи по езеро, соопшти полицијата.

Амфибиското возило „Рајд дак“ на кое имало 31 патник се превртело на езерото Тејбл Рок, во близина на Бренсон во Мисури, рече шeрифот на округот, Даг Радер.

Седум лица се пренесени во болница, а нуркачите трагаат по исчезнати. Невремето над езерото наишло неверојатно брзо. Ветрот дувал со брзина од над 100 километри на час, а двата туристички брода почнале кобна трка со времето да се пасат од бурата. На „Рајд дак“ тоа не и успеало.

Властите велат дека продолжува потрагата по исчезнатите лиуца и додаваат дека на бродото имало појаси за спасување.

„Живеам тука поголем дел од мојот живот, но никогаш не сум доживеал таква страшна бура“, рече еден локален жител.