Иранските власти испратија порака до официјален Вашингтон преку Швајцарија, предупредувајќи дека американските бази ќе бидат цел на ирански напади доколку САД поддржат израелска одмазда за синоќешните воздушни напади на иранските вооружени сили, објави денеска иранската државна телевизија.
Иран, исто така, го предупреди Израел дека ќе биде изложен на поголем напад доколку се одмазди за ноќните напади, пишува Тајмс оф Израел.
„Ако Израел возврати на Иран, нашиот одговор ќе биде многу посилен од синоќешните воздушни напади“, изјави началникот на Генералштабот на иранската армија, генерал-мајор Мохамед Багери.
Тој повтори дека Техеран го предупредил Вашингтон дека каква било поддршка за израелската одмазда ќе резултира со напади врз американските бази. паг/
Фото: МИА архива