Иранската Исламистичка револуционерна гарда денеска соопшти дека извршила напади со балистички ракети и беспилотни летала врз американски воени цели во Јордан, како одговор на американските напади врз островот Ларак.

Нападите биле насочени кон објекти и авиони во американските бази „Крал Хусеин“ и „Ал Азрак“ во Јордан, се наведува во соопштението пренесено од иранските државни медиуми.

Во информацијата уште се предупредува дека „секое непријателско дејство ќе предизвика уште помоќни одмазднички мерки“.

Според првичните информации од американските вооружени сили, нема значителна материјална штета во нападите, а речиси сите ракети биле пресретнати.

Вооружените сили на Јордан соопштија дека пресретнале осум ракети што навлегле во воздушниот простор на земјата.