Иранското воено раководство се закани дека ќе продолжи со нападите како одговор на американската поморска блокада.
– Доколку блокадата ја загрози безбедноста на иранските трговски бродови и танкери за нафта, тоа би претставувало кршење на прекинот на огнот, се наведува во соопштението на иранското воено раководство.
Додека иранската државна новинска агенција ИРНА објави дека иранската армија би можела да го блокира Црвено Море доколку САД го прекршат прекинот на огнот. Тоа би ја вклучила и јеменската милиција Хути, кои би ги попречувале бродови што минуваат низ теснината Баб ал Мандаб. Воден пат што ја поврзува Европа со Азија преку Суецкиот канал, еден од најважните меѓународни поморски трговски патишта.
Поморската блокада од страна на американската војска почна во понеделникот.
Американскиот претседател Доналд Трамп ја објави поморската блокада еден ден претходно откако неуспеаја дипломатските преговори меѓу САД и Иран во Исламабад.




