Иранските власти запленија брод што носел 106.500 литри шверцувано гориво и уапсија девет членови на екипажот, јавија тамошните медиуми.
– Според наредбата на Обвинителството на островот Кешма, припадници на поморксата база при идентификување брод што носел 106.500 литри шверцувано гориво, почнале со процесот на заплена, наведе министерот за правда во провинцијата Хормозган.
Земјата што има едни од најевтините цени на гориво во светот, поради големи субвенции и падот на националната валута, се бори против силен шверц на гориво по копнен пат во соседните земји и по морски пат кон земјите од Арапскиот Залив.
Иран често запленува бродови, велејќи оти се користат за шверц во Заливот.