Израел упати предупредување до граѓаните да не патуваат во Турција, бидејќи се стравува од одговор на Иран на неодамнешниот атентат врз полковник на Иранската револуционерна гарда.

Полковникот Сајад Хасан Ходаи беше погоден со вкупно пет куршуми од двајца познати напаѓачи на мотор, додека бил во автомобил пред својата куќа во центарот на Техеран. Тој, наводно, бил вклучен во убиства и киднапирања надвор од Иран, вклучително и обиди за напад на Израелци.

– Веќе неколку недели, а уште повеќе откако Иран го обвини Израел за убиство на офицер на Револуционерната гарда минатата недела, во одбранбениот естаблишмент се зголеми загриженоста поради обидите на Иран да им наштети на израелските цели низ светот, се наведува во соопштението на израелскиот Совет за национална безбедност.

Во соопштението се додава дека предупредувањето за патување во Турција се засилува и дека таа и другите земји кои граничат со Иран претставуваат високо ниво на ризик за Израелците овие денови.

– Безбедносните претставници изјавија дека предупредувањето е издадено поради „вистинските закани врз Израелците“ во Турција, но не прецизираа кои.