Рокот од 60 дена за избор на претседател на Косово истекува денеска, според одлуката на Уставниот суд на Косово, а доколку претседателот не биде избран, Собранието ќе биде распуштено и ќе следат нови парламентарни избори.

Според одлуката на Уставниот суд, нови избори мора да се одржат во рок од 45 дена од распуштањето на Собранието.

Прашањето за избор на претседател е во центарот на политичките настани во Косово во последните недели, заедно со протестите поради изрекувањето пресуда на поранешните водачи на ОВК, но политичките партии не постигнаа договор за кандидат.