Дали се согласувате со повторно обединување на Австрија со Германскиот рајх и дали гласате за листата на нашиот лидер Адолф Хитлер, гласело трик-прашањето на референдумот што во 1938 година бил распишан во Австрија за Аншлусот со Германија.

Референдумот кој силно бил поддржан од Социјалдемократската партија на Австрија бил изгласан со огромно мнозинство.

Историјата, по 80 години, се повторува во Република Македонија. Со идентично ребусно и двосмислено прашање за смена на уставното име на Република Македонија: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот меѓу Република Македонија и Република Грција“?

Референдумот во Австрија, која била окупирана од Германија, се одржал на 10 април 1938 година, заедно со референдумот во Германија. Германските војници веќе ја имале окупирано Австрија еден месец претходно, на 12 март 1938 година. Официјалниот резултат бил пријавен како 99,73 отсто „за“ со излезност од 99,71 отсто.

По завршувањето на Првата светска војна, новооснованата Австрија тврдела дека треба да го има суверенитетот над мнозинската германска територија од поранешното Хабсбуршко царство. Според нејзиниот привремен устав, таа се поистоветувала за дел од новооснованата Вајмарска Република.

Во септември 1919 година Австрија морала да го потпише Договорот од Сен Жермен, кој не само што значел значителни загуби на територијата, туку била принудена да го смени и името од Германска Австрија во Австрија. Понатаму, членот 88 од спогодбата вели дека „независноста на Австрија е неотуѓива на друг начин, освен со согласност на Советот на Лигата на народите“, за да се спречи секој обид за обединување со Германија.

За време на водењето на референдумот, кампањата на Адолф Хитлер вклучувала антикатолички и антисемитски постери. Менаџерите на кампањата објавиле дека не се противат на референдумот. Референдумот бил поддржан од Социјалдемократската партија на Австрија, чиј лидер Карл Ренер го поддржал Хитлер, како и од кардиналот Теодор Иницер, највисок претставник на Римокатоличката црква во Австрија.

Иако на референдумот имало неправилности, списанието „Лајф“ во 1938 година пишува дека резултатите од референдумот биле во голема мера искрени.

Некои повоени извештаи тврдат дека анкетата била лажирана, но за тоа нема докази. Извршен бил голем притисок врз луѓето, а тоа се гледа и од фактот што многумина го обележале гласачкото ливче за да не се сомневаат дека гласале против Аншлус.

Тајност на гласачкото ливче практично не постоела.

 

Резултати од референдумот во Австрија во 1938 година
Избор Глас %
За 4.453.912 99,73
Против 11.929 0,27
Неважечки гласови 5.777
Вкупно 4.471.618 100
Регистрирани гласови 4.484.617 99,71
Извор: Direct Democracy