Суданската армија вчера ја презеде власта во земјата, го уапси премиерот и неколку министри и ја распушти преодната влада.

Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) за денеска закажа итен состанок за државниот удар во Судан.

Дипломатски извори доцна синоќа објавија дека консултации побарале САД, Велика Британија, Франција, Ирска, Норвешка и Естонија.
Средбата е закажана за 16 часот по локално време.

Илјадници луѓе излегоа на улиците за да протестираат против државниот удар. Армијата отвори оган врз демонстрантите при што загинаа две лица, а 80 беа повредени.